Свет

„Брисел морнинг“: Денес расправа во Европскиот парламент за предлогот да им се изгласа недоверба на Лаен и ЕК – Се проценува оти нема да успее

„Европскиот парламент ќе дебатира за најновиот поднес предлог да ѝ се изгласа недоверба на шефицата на Европската комисија Урсула Лаен и на сиот состав на оваа комисија. Дебатата почнува денес, на 19 јануари навечер, а гласањето е закажано за в четврток. Групите „Патриоти за Европа“, „ECR“ и „Европа на суверени нации“ го поднесоа предлогот, наведувајќи загриженост во врска со трговскиот договор ЕУ-Меркосур и парламентарниот надзор. Предлогот бара двотретинско мнозинство од гласовите, што претставува мнозинство од сите пратеници во Европскиот парламент, за да биде усвоен. Проценките се дека нема да успее ниту овој најнов обид да се тргне Лаен од кормилото на ЕУ.“ – извести од Стразбур информативниот портал „Брисел Морнинг“.

Натаму во статијата со наслов „Европскиот парламент закажа расправа за предлогот за недоверба против Европската комисија“ порталот пишува: Официцијално е соопштено дека предлогот за изгласување недоверба е потпишан од 104 пратеници во Европскиот парламент. Тоа го надминуват минималниот праг од 72 пратеници. Главните пратенички групи во Европскиот парламент сигнализираат противење, гарантирајќи веројатен пораз на поднесувачите на предлогот. 

Предлогот за недоверба го критикува начинот на кој Европската комисијата постапи околу договорот ЕУ-Меркосур потпишан на 17 јануари во Асунсион. Текстот на предлогот се повикува на протестите на земјоделците низ Франција, Ирска, Полска и Унгарија како игнорирани и на нивната загриженост за последиците од нивните агрокомплекси од тој договор со Латинска Америка.

Предлогот бара колективна оставка на Урсула фон дер Лајен и сите комесари. Ги наведува заштитните клаузули како несоодветни за заштита на земјоделството на ЕУ. „Патриоти за Европа“ ја дефинира иницијативата како одбрана на суверенитетот на храната и демократската одговорност.

За усвојување се потребни две третини од гласовите плус апсолутно мнозинство од 705 пратеници во Европскиот парламент (минимум 353). – објави „Брисел Морнинг“.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top