Свет

Две третини Французи сакаат владата да падне

Дури 63% анкетирани сакаат парламентот да се распушти и да се одржат нови избори

Ова го покажа анкетата на Ifop за француската LCI TV објавена вчера во услови кога премиерот Франсоа Бајру се бори да ја одржи својата малцинска влада.

Според Ројтерс, анкетата на Ifop е спроведена онлајн вчера меѓу 1.000 испитаници.

Малцинската влада на Бајру ќе се соочи со гласање недоверба следниот месец откако три главни опозициски партии изјавија дека нема да го поддржат премиерот на гласањето на 8 септември што Бајру го свика поради неговите планови за драстични намалувања на буџетот.

Одлуката за распуштање на парламентот мора да ја донесе претседателот Емануел Макрон, а 51% од испитаниците веруваат дека Макрон нема да го стори тоа, според анкетата на Ifop.

Алтернативата на Макрон за распуштање на парламентот, доколку Бајру го изгуби гласањето за недоверба, би била да назначи нова влада.

Најнови вести од: Свет

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top