Свет

Единаесет членки на ЕУ бараат укинување на ветото

Предлогот има за цел Европската Унија да не биде парализирана поради противењето на само една држава

Единаесет земји членки на Европската Унија побарале од високата претставничка на Унијата, Каја Калас, да го промени начинот на кој се носат одлуките за надворешната политика.

По трет пат Унгарија го блокираше процесот на пристапување на Украина во ЕУ

Во моментов, за многу важни прашања потребно е да се согласат сите 27 земји членки на ЕУ. Тоа значи дека една единствена држава може да донесе блокада на одлука на целата Унија, користејќи го правото на вето.

Франција, Германија, Шпанија, Шведска, Романија и уште шест други земји бараат оваа практика да се промени и, во одредени случаи, одлуките да се носат со мнозинство гласови.

Предлогот има за цел Европската Унија да не биде парализирана поради противењето на само една држава, особено кога станува збор за важни прашања од надворешната политика и безбедноста.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top