Свет

Една од украдените скапоцености од Лувр пронајдена во близина на музејот

Им паднало на криминалците при бегање

Една од скапоценостите што беа украдени утрово од музејот Лувр во Париз за време на е пронајдена во близина на музејот, објави француската министерка за култура Рашида Дати.

– Скапоценоста е пронајдена во близина на Лувр, моментално се проценува – изјави Дати
на телевизијата ТФ1.

Организираниот криминал сега ги таргетира уметничките дела и музеите станаа цели на крадците, додаде таа.

– Вредноста на украденото е непроценлива – изјави министерот за внатрешни работи Лоран
Нуњез.

Тој откри дека крадците го извршиле грабежот за 7 минути.

– Тие се фокусираа на две витрини во галеријата на Аполо – рече Нуњез.

Изградена на барање на кралот Луј 14, оваа галерија ја содржи кралската колекција на
скапоцени камења и кралски дијаманти, вклучувајќи три историски: дијамантите Регент, Санси и Хортензија.

Според францускиот дневен весник Ле Парисиен, криминалците влегле во зградата од фасадата од страната на реката Сена, каде што се во тек градежни работи. Прво, ги скршиле прозорците, а потоа украле девет парчиња од колекцијата накит на Наполеон и царицата.

 

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top