Свет

EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април

EES-системот – целосно дигитален систем за евиденција на влез и излез со биометриски податоци

Од 10 април 2026 година, патниците од земји надвор од Европската Унија кои ќе поминуваат низ надворешните граници на 29 европски земји ќе се соочат со нова гранична процедура. Наместо досегашното рачно печатирање на пасоши, ќе се воведе EES-системот – целосно дигитален систем за евиденција на влез и излез со биометриски податоци. Целта е поефикасно да се открива пречекорување на дозволениот престој и да се намалат злоупотребите со идентитет и документи.

EES е автоматизиран систем кој при секое преминување на граница ќе ги регистрира податоците од патната исправа, отпечатоците од прсти, фотографијата на лицето, како и датумот и местото на влез или излез. Системот ги бележи и случаите на одбиен влез, со што се создава проверлива трага на движењето на патниците во рамките на правилата за краток престој.

Највидливата промена за граѓаните од Северна Македонија и другите земји надвор од ЕУ ќе биде првиот контакт со новите гранични процедури. Наместо печат, ќе следува регистрација во системот, која на одредени премини ќе се врши преку самопослужни терминали или на шалтер, во зависност од инфраструктурата. Првото внесување на податоци може да трае подолго, особено во периоди на зголемен сообраќај, додека следните преминувања ќе бидат побрзи, откако системот веќе ја има евиденцијата.

Европската комисија истакнува дека за EES не се аплицира однапред, туку регистрацијата се врши на самата граница. Како олеснување, патниците можат доброволно да се предрегистрираат преку мобилната апликација „Travel to Europe“ до 72 часа пред влез или излез, но конечната проверка останува на граничните служби.

Важно е да се нагласи дека EES се разликува од ETIAS. EES е систем за евиденција на преминувања и престој, додека ETIAS ќе биде посебен режим за патна авторизација, кој ќе стартува подоцна. Главната промена за пролетта 2026 година е токму целосната примена на EES и новата рутина на граничните премини.

Најнови вести од: Свет

Добра вест за светот: Цената на нафтата Брент падна 97 долари за барел

И покрај постојаната неизвесност, податоците за следење на бродовите укажуваат на постепено ублажување на регионалните нарушувања, при што неколку танкери за течен природен гас поминаа низ Ормускиот теснец на пат кон Пакистан, Кина и Индија.

Новиот пристап на ЕУ предизвика остра критика кај новинарите

Иницијативата на Советот на Европската Унија да поканува инфлуенсери (креатори на содржини) на самитите на лидерите и министерските состаноци предизвика остра реакција кај новинарите кои редовно ги следат работите на ЕУ.

To top