Свет

Ескалира ситуацијата во Иран: убиени најмалку 50 демонстранти и 15 припадници на безбедносните сили, а 2.300 се уапсени

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп, кој последните денови постојано се закануваше со воен напад врз Иран, објави на социјалните мрежи: „Иран сака слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“

Техеран сигнализира пожестока пресметка со демонстрантите, приведени 200 „организатори“. Иранските власти во саботата вечерта навестија дека би можеле да ги засилат мерките против насилните демонстранти, за кои елитната Револуционерна гарда ги обвини „терористите“ и вети дека ќе го зачува владејачкиот поредок.

Иранските безбедносни сили приведоа најмалку 200 водачи на групи вклучени во насилните безридија, објави новинската агенција Tasnim, и додава дека меѓу приведените бил и агент на израелската разузнавачка служба Мосад. „Значително количество оружје, муниција, гранати и молотови коктели беше конфискувано од нивните скривалишта“, се наведува во извештајот и се додава дека нивното притворање е една од причините за намалувањето на интензитетот на насилствата од саботата.

Протестите е одржаа оваа седмица по повик од Реза Пахлави, потомок на последниот истоимен ирански шах соборен во 1979 година откако сите ресурси и безбедносни служби беа ставени во посед на странски компании и влади, додека земјата потона во корупција и беда. Видеата на социјалните медиуми покажаа големи, масовни протести, вклучувајќи оштетување на приватен имот и урбана инфраструктура, вклучително и џамии. Сепак, иранската новинска агенција Fars тврди дека протестите биле „ограничени“. Интернетот беше исклучен во земјата во тоа време, а медиумите не објавуваа вести неколку часа. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги нарече демонстрантите „грст вандали“ кои почнаа да го уништуваат сопствениот имот.

Пријавени се жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите. Според Tasnim, најмалку двајца офицери на Исламската револуционерна гарда беа убиени во немирите само во четврток, а шест полицајци беа убиени во последните неколку ноќи. Во обраќање на државната телевизија, Револуционерната гарда (IRCG), елитната сила што го скрши претходниот бран немири, ги обвини „терористите“ за напади врз воени и полициски бази во текот на изминатите две ноќи. Во неа се вели дека неколку граѓани и безбедносни сили биле убиени, а јавниот и приватниот имот бил запален.

Зачувувањето на достигнувањата на Исламската револуција и одржувањето на безбедноста е „црвена линија“, соопшти Револуционерната гарда. Редовната армија, исто така, издаде соопштение во кое се вели дека ќе „ги чува и заштити националните интереси, стратешката инфраструктура на земјата и јавниот имот“.

Иранската група за човекови права HRANA, чие седиште е во САД, соопшти дека најмалку 50 демонстранти и 15 припадници на безбедносните сили биле убиени, а околу 2.300 луѓе биле уапсени. По паѓањето на ноќта во саботата, нови снимки објавени на интернет покажаа обновени протести во голем број населби во главниот град Техеран и неколку други градови, вклучувајќи го Рашт на северот, Тебриз на северозапад и Шираз и Керман на југ.

Државните медиуми соопштија дека општинска зграда била запалена во Карај, западно од Техеран. Снимките од државната телевизија покажаа погреби на припадници на безбедносните сили убиени во нападите во градовите Шираз, Ком и Хамедан. Снимките објавени на социјалните медиуми во петок покажаа толпи, меѓу кои лица вооружени со автоматско оружје кои пукаат, коишто се собираат во Техеран и пожари подметната по улиците на главниот град. Едно видео покажа ноќен протест во округот Саадатабад во Техеран и човек кој вели дека демонстрантите ја „презеле“ областа. „Масите доаѓаат. Смрт за диктаторот, смрт за Хамнеи“, рече тој јасно алудирајќи на врховниот лидер Али Хамнеи.

Демонстрантите од странство го Реза Пахлави. Во својот последен повик на оцијалната мрежа X, Пахлави, кој живее во САД под државна заштита како бидејќи татко му беше доследен американски играч во регионот, рече: „Нашата цел повеќе не е само да излеземе на улиците; целта е да се подготвиме да ги окупираме градските центри и да ги одржиме“. Пахлави, исто така, ги повика оние кои беа клучни во соборувањето на динаситајата од која потекнува, „работниците и вработените во клучните сектори на економијата, особено во транспортот, нафтата, гасот и енергетиката“, да излезат на национален штрајк. Трамп во четврток изјави дека не е склонен да се сретне со Пахлави, знак дека чека да види како ќе се развива кризата пред да им даде поддршка на некој од опозициските лидери кои се всушност разединети по многу основи, од етнички, конфесионални до идеолошки.

Нетпрес

Најнови вести од: Свет

Сијарто: ЕУ не може да си го најде местото во светот! Излез е голем европски патриотски пресврт!

На прес-конференција, што ја одржа пред неколку дена унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ предвиде на Европската Унија дека „ќе се распадне самата од себе“, како што нагласи, „поради „хаос во лидерството“. Како што пренесе „Еуроњуз“, Орбан сепак, ја отфрли можноста Унгарија да ја напушти ЕУ, велејќи дека „земјата нема доволно големина за да донесе таква разумна одлука“. Орбан нагласи дека иднината на Унгарија е во рамките на блокот и НАТО, но, како што посочи, со „суверена надворешна политика и економска политика“. Со своите најнови изјави шефот на унгарската дипломатија Сијарто се надоврза на Орбан, но дополнително заострувајќи го тонот кон официјален Брисел со своето тврдење дека, наводно, „ЕУ сака да ѝ наметне марионетска влада на Унгарија“ и оти „таа е веќе изолирана и изгубена во светската геополитика“.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО18+) Иран во хаос: Над 500 загинати, болниците полни со прострелни рани

Според американска организација за човекови права, досега загинале повеќе од 500 демонстранти, додека иранските власти веќе над 72 часа ја држат земјата во речиси целосен прекин на интернетот и телефонските врски.

To top