Свет

Европа „го возвраќа ударот“ по царините од Трамп

Европскиот парламент нема да го одобри клучниот трговски договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави

 

Европскиот парламент нема да го одобри клучниот трговски договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави,

Одлуката дека Европскиот парламент нема да продолжи со ратификацијата на договорот, кој минатото лето го потпишаа Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, ја доведува во прашање иднината на трговското примирје меѓу Брисел и Вашингтон. Договорот предвидуваше американски царини од 15 проценти за увоз од ЕУ, во замена за тоа Унијата да не воведува давачки за американски производи.

Одлуката доаќа откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини за европските земји, како дел од неговите притисоци поврзани со Гренланд.

Претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер соопшти дека ескалацијата на тензиите со САД значи дека Европскиот парламент нема да гласа во корист на пактот. Тој нагласи дека, иако ЕПП во принцип го поддржува договорот, заканите на Трамп во врска со Гренланд ја прават неговата ратификација невозможна во овој момент и дека мерките за нулта царини за американските производи мора да бидат ставени во мирување.

Иако останатите политички групи во Европскиот парламент – социјалдемократите, либералите и Зелените – веќе подолго време бараа стратешка пауза во примената на договорот, токму ставот на ЕПП беше клучен за конечната одлука. Гласањето за замрзнување на договорот првично беше закажано за 26 јануари, но се очекува европратениците формално да ја потврдат одлуката на наредната седница.

Шведската европратеничка Карин Карлсбро оцени дека не постои реална можност договорот да добие мнозинство, истакнувајќи дека ЕУ мора да се подготви за одговор на царинските напади од САД, вклучително и можни одмазднички мерки. Таа не ја исклучи ниту употребата на таканаречената трговска „базука“ на ЕУ – Инструментот против економска принуда, кој овозможува ограничувања за инвестиции, јавни набавки и заштита на интелектуална сопственост.

И други високи претставници во Европскиот парламент побараа Европската комисија да ја разгледа примената на овој инструмент, оценувајќи дека користењето царини и економски закани за остварување територијални барања претставува директна форма на економска присила.

Трамп, пак, најави дополнителни царини од 10 проценти за европските земји кои испратиле војници во малиот контингент на Гренланд, со зголемување на 25 проценти од јуни, што ќе важи сè додека, како што рече, не се постигне договор за „целосна купопродажба“ на Гренланд.

Европските лидери остро реагираа на ваквите изјави, нагласувајќи дека распоредувањето трупи на Гренланд е одговор на безбедносните предизвици и предупредувајќи дека новите царини ќе добијат заеднички и координиран одговор од Европската унија.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top