Свет

Европа сака да покаже дека е клучна за договорот за Украина

Европа веќе ја поддржа одлуката на Трамп да го прескокне прекинот на огнот, и останува да се види дали ќе се обидат да го убедат да заземе поцврст став кон Владимир Путин

И покрај неуспехот да се обезбеди прекин на огнот, Европа сега се обидува да му покаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека е клучна за мировниот договор што тој го сака, пишува „Би-Би-Си“,

Откако Вашингтон првично ја исклучи ЕУ од своите дипломатски напори, европските лидери сега ќе бидат претставени во поддршка на Володимир Зеленски на утрешниот состанок во Белата куќа. За украинскиот претседател, ова е и можност да го поправи впечатокот по последната, озлогласена посета на Белата куќа и конфликтот со Трамп и неговиот потпретседател Џ.Д. Венс.

Според Би-Би-Си, Европа веќе ја поддржа одлуката на Трамп да го прескокне прекинот на огнот, и останува да се види дали ќе се обидат да го убедат да заземе поцврст став кон Владимир Путин.

Светските медиуми претходно пренесоа дека Зеленски во Вашингтон ќе стигне со тешка артилерија, придружуван од првите луѓе на ЕУ и НАТО.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top