Свет

На автопат во Италија „полицајци“ запреа трезор-возило со нелегални ротациски светла и го разнесоа, за да го ограбат! Видео)

Филмски сцени се случија претпладнево во јужна Италија, кога возило за превоз на пари беше на многу лукав начин ограбено од засега непознати ограбувачи. Разбојниците користеле возила со нелегални ротациски светла за да ги направат слични на полициски возила и да го прелажат возачот на блиндираното комби да запре. Група маскирани и вооружени мажи нападнаа и разнесоа трезор-возило за да дојдат до парите – правејќи го тоа среде автопатска лента, откако претходно му го попречиле патот со наводни полициски возила.

Инцидентот се случил на автопатот 613, којшто ги поврзува градовите Лече – Бриндизи. Од снимките објавени од италијанската полиција го прикажуваат моментот кога разбојниците го сопираат трезор-возилото, кое е од компанијата „Батистоли“ и потоа поставуваат експлозив за да го отворат сандакот.

Според досегашните медиумски извештаи, разбојниците користеле возила со нелегални ротациски светла за да ги направат слични на полициски возила и да го прелажат возачот на блиндираното комби да запре. Многу бргу по експлозијата, разбојниците избегале со пленот.

Набргу, едно од „полициските“ возила, односно „алфа ромео“ е пронајден напуштен на спореден селски пат. Кратко време потоа уапсени биле двајца мажи, од кои едниот носел качулка, а другиот не. Италијанската полиција пронашла и едно теренско возило, за кое се мисли дека било искористено од рабојниците за време на грабежот.

Видео

Нетпрес

Најнови вести од: Свет

Анри Каган и Кенсо Соаи добија „Нобел“ за хемија

 Овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза се научниците Анри Каган и Кенсо Соаи. Тие ја добија Нобеловата награда за хемија  за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза. Првата Нобелова награда што ја доделува шведскта акадмија на науките му била […]

To top