Свет

Германија ќе купува авиони, оклопни и пешадиски борбени возила за 22 милијарди евра

Набавката е дел од напорите на канцеларот Мерц да создаде најмоќна конвенционална армија во Европа

Германија подготвува нарачки во секторот одбрана вредни повеќе милијарди евра, кои ќе вклучуваат 20 авиони „Еурофајтер“, до 3.000 оклопни возила „Боксер“ и 3.500 пешадиски борбени возила „Патрија“, изјавија за Ројтерс два извора запознаени со плановите.

Само нарачката на „Еурофајтер“ се очекува да чини помеѓу четири и пет милијарди евра, возилата „Боксер“ произведени од КНДС и „Рајнметал“ се проценува дека вредат десет милијарди евра, а возилата „Патрија“ ќе ја чинат Германија околу седум милијарди евра, велат изворите.

Испораките на возилата „Боксер“ и „Патрија“ се очекуваат во текот на следната деценија, велат изворите.

Купувањата се дел од напорите на канцеларот Фридрих Мерц да ја изгради најмоќната конвенционална армија во Европа, со цел да се намали зависноста од сè понепредвидливиот сојузник САД и да се преземе поголема одговорност за европската безбедност.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Најнови вести

To top