Свет

„Ги помирив Азербејџан и Албанија“

Американскиот претседател ги замени Ерменија со Албанија, во контекст на фалбите дека спречил 7 војни меѓу кои и онаа меѓу Ерменија и Азербејџан

Доналд Трамп направи грешка во гостување во радио емисија изјавувајќи дека посредувал во мирот меѓу Азербејџан и – Албанија.

Тој ги пофали неговите мировни напори, повторувајќи го своето тврдење дека завршил седум војни за време на неговиот втор мандат.

„Знаете, тоа се многу неверојатни, неверојатни работи“, рече Трамп пред да се обиде да ја спомене неодамна договорената мировна декларација меѓу Азербејџан и Ерменија, која ги доближи земјите до мир – но не го заврши целосно нивниот 37-годишен конфликт.

„Видовте Абер…бајџан. Тоа беше голем конфликт што траеше 34, 35 години со, ах, Албанија. Размислете за тоа“, рече претседателот.

Трамп не само што погрешно ја нарече Ерменија „Албанија“, туку и неодлучно го изговори името Азербејџан.

He likely meant the conflict between Azerbaijan and Armenia… https://t.co/hEXoEtUYiX pic.twitter.com/6zDjxQHmeq

— NEXTA (@nexta_tv) August 20, 2025

За своите мировни напори Трамп веќе доби неколку номинации за Нобелова за мир, кој и самиот ја посакува

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top