Свет

Хамас: Нема да го положиме оружјето

Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Махмуд Мардави, денеска ги негираше медиумските извештаи

Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Махмуд Мардави, денеска ги негираше медиумските извештаи дека групата наводно се согласила да го положи оружјето, како што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Газа.

„Махмуд Мардави ги негираше лажните тврдења на телевизијата Ал Хадат и голем број други медиуми во врска со напредокот на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и ставот на движењето по прашањето за предавање на оружјето“, се наведува во соопштението на Хамас, објавено на каналот Телеграм, пренесуваат руските медиуми

Мардави додава дека „овие изјави немаат основа и имаат за цел да ја дискредитираат позицијата на Хамас и да ја измамат јавноста“.

Претходно, саудиските телевизиски канали Ал Арабија и Ал Хадат, повикувајќи се на извори, објавија дека Хамас ги информирал САД дека  прифаќа да го положи оружјето.

Документот се состои од 20 точки, а во него, меѓу другото, се бара воспоставување привремена надворешна администрација во палестинската енклава и распоредување на меѓународни сили.

На 3 октомври, Хамас им го достави на медијаторите својот одговор на предлогот на Трамп, во кој изрази подготвеност да ги ослободи сите живи израелски заложници и да ги предаде телата на загинатите. Нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас ќе се одржи денеска во Египет.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

По Фејсбук падна и Инстаграм: Kорисниците не можат да пристапат до платформите

Социјалната мрежа Инстаграм во моментов има технички проблеми, откако претходно корисници ширум светот пријавија дека не можат да пристапат до Фејсбук. Кај дел од корисниците, при отворање на апликацијата се појавува пораката „Welcome to Instagram“, но не се прикажуваат содржините од профилите и почетната страница.

Нов прекин на Фејсбук: Корисниците добиваат порака дека профилот е привремено недостапен

Корисници на „Фејсбук“ од целиот свет во моментов немаат пристат до социјалната мрежа, а според информациите, на милиони профили им се прикажува порака дека акаунтот е „привремено недостапен“.

To top