Свет

И ајатолахот Али Хамнеи „на списокот“ на Израел

Атентат врз врховниот лидер на Иран, „не е искклучен“ додека Израел продолжува со нападите врз иранските нуклеарни и воени објекти, изјави израелски функционер за „Волстрит џурнал“(WSJ). Слично на тоа, новинарот Амит Сегал од „Канал 12“ вели дека израелски политички извор му рекол: „Израел не ја исклучува можноста за елиминирање на Али Хамнеи, но тоа зависи […]

Атентат врз врховниот лидер на Иран, „не е искклучен“ додека Израел продолжува со нападите врз иранските нуклеарни и воени објекти, изјави израелски функционер за „Волстрит џурнал“(WSJ).

Слично на тоа, новинарот Амит Сегал од „Канал 12“ вели дека израелски политички извор му рекол: „Израел не ја исклучува можноста за елиминирање на Али Хамнеи, но тоа зависи од многу работи“, пишува „Тајмс од Израел“.

Ова ја нагласува стратегијата на Израел, која оди подалеку од неутрализирање на нуклеарните средства на Иран и има за цел поткопување на политичките и воените столбови на режимот.

Израел веќе ја презеде одговорноста за смртта на девет научници вклучени во нуклеарната програма на Иран, како и на високи ирански генерали.

Во саботата навечер, иранските државни медиуми го потврдија убиството на Али Шамкани, врвен советник на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, во израелските напади врз „чувствителен воен објект“ во западен Иран во петокот.

Али Шамкани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност беше еден од водечките стратези на Иран. Неговиот авторитет опфаќа цел спектар на различни центри на моќ во Техеран, вклучувајќи го Корпусот на Исламската револуционерна гарда, редовната армија на Исламската Република , Министерството за одбрана и логистика  и други…

Нетанјаху со повик до Иранците: Урнете го режимот!

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top