Свет

„И без нив имаме свои проблеми“, реагира африканска држава

Контроверзниот план на администрацијата на Трамп за депортирање на илјадници недокументирани мигранти во африканските земји наиде на цврст отпор…

 

Веќе подолго време, ССАД ја разгледуваат можноста за депортирање на недокументирани мигранти, вклучувајќи осудени криминалци и лица со нерешен имиграциски статус, во различни африкански земји, како дел од проширената агенда за спроведување на имиграциските закони на претседателот Доналд Трамп.

Иако Нигерија првично не беше именувана меѓу дестинациите за депортации, министерот за надворешни работи на Нигерија, Јусуф Тугар, потврди дека САД ѝ пристапиле на Нигерија со предлог за депортирање на недокументирани венецуелски мигранти, некои со криминални досиеја…

„Ќе биде исклучително тешко за земја како Нигерија да прифати венецуелски затвореници. Имаме доволно свои проблеми“, рече нигерискиот министер за надворешни работи Јусуф Тугар, истакнувајќи дека неговата земја има население од повеќе од 230 милиони.

Според два извори запознаени со ова прашање, администрацијата на претседателот Доналд Трамп го покренала прашањето со пет африкански лидери за време на нивната посета на Белата куќа оваа недела. САД предложија африканските земји да прифаќаат мигранти од трети земји кога САД не можат да ги вратат во нивната татковина поради правни или логистички тешкотии.

Меѓу присутните во Белата куќа беа претседателите на Либерија, Сенегал, Гвинеја-Бисао, Мавританија и Габон.

Според „Волстрит џурнал“, во интерен документ на Стејт департментот испратен до африканските влади пред состанокот се повикуваат да се согласат со „достоинствен, безбеден и навремен трансфер“ на државјани на трети земји од територијата на САД.

Најнови вести од: Свет

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

To top