Свет

Иран ги прогласи европските армии за терористички групи

Сегашната одлука е донесена со квалификувано мнозинство, без потреба од едногласност.

freepik.com

Иран ги прогласи европските армии за „терористички групи“, објави денеска претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф, откако Европската унија го стави Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на списокот на терористички организации.

„Во согласност со член 7 од Законот за контрамерки во врска со прогласувањето на Корпусот на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација, армиите на европските земји се сметаат за терористички групи“, изјави Галибаф пред парламентот во Техеран.

Тој додаде дека Европа со оваа одлука „си пука во ногата“ и дека повторно делувала против сопствените интереси поради „слепо послушување на Американците“.

Галибаф и повеќето заменик-претседатели на парламентот се појавија во униформи на ИРГЦ во знак на солидарност со Револуционерната гарда. Непосредните практични последици од иранската одлука сè уште не се јасни, но таа претставува симболичен и реторички контраудар.

Во четвртокот (30 јануари 2026), министрите за надворешни работи на ЕУ донесоа одлука со која ИРГЦ официјално беше ставен на списокот на терористички организации – првпат некоја голема западна сила го класифицира целиот корпус како терористичка група, на исто ниво со Исламска држава и Ал Каеда.

Високата претставничка за надворешна политика Каја Калас напиша на X:

„Репресијата не смее да остане без одговор. Министрите за надворешни работи штотуку презедоа решителен чекор да ја прогласат ИРГК за терористичка организација.“

Одлуката дојде по најкрвавото задушување на протестите во Иран од 1979 година насаму и претставува симболична, но значајна промена во пристапот на Европа кон иранското раководство.

Досега некои членки на ЕУ (предводени од Франција) долго се спротивставуваа на оваа мерка поради страв од ескалација и потенцијални економски последици.

Сегашната одлука е донесена со квалификувано мнозинство, без потреба од едногласност.

Најнови вести од: Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

To top