Свет

Иран со ракети нападна израелски градови – има жртви, повредени…

Во текот на ноќта, Иран испука два брана ракети кон Израел, јави Би-Би-Си. Според неколку израелски новински агенции, најмалку пет лица загинаа во еден од нападите, при што ракетите погодија станбена област во близина на Хаифа во северниот дел од земјата. Во друга серија напади во Тел Авив загина 60-годишна жена, според израелската служба за […]

Во текот на ноќта, Иран испука два брана ракети кон Израел, јави Би-Би-Си.

Според неколку израелски новински агенции, најмалку пет лица загинаа во еден од нападите, при што ракетите погодија станбена област во близина на Хаифа во северниот дел од земјата.

Во друга серија напади во Тел Авив загина 60-годишна жена, според израелската служба за итни случаи.

Уште 20 лица се повредени во истата област, како и 24 лица во подножјето на Јудеја, изјави портпарол на израелската брза помош.

„Тајмс оф Израел“ објави девет мртви, речиси 200 ранети и 20 исчезнати во ноќните напади од Иран.

Иранска ракета погоди станбена зграда во Бат Јам. Спасувачите извлекоа тело на осумгодишно девојче од урнатините во Бат Јам. Бројот на жртви сега е четири.

Спасувачите се обидуваат да ги расчистат урнатините и да спасат 20 заробени лица.

Постојат стравувања дека станбената зграда би можела да се урне.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top