Свет

Ирански ракетни напади врз јужен Израел, мртви, повредени, урнати објекти – Нетанјаху: Претрпевме многу тешка вечер! (Видео)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел поминал низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона. Има има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета. Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, а повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти. На неколку локации избувнале пожари. Во Димона има десетици повредени.

Нетанјаху соопшти дека разговарал со локалните власти и порача дека Израел ќе продолжи со воени дејства. „Одлучни сме да продолжиме да ги напаѓаме нашите непријатели на сите фронтови“, изјави премиерот.

Израелските воздухопловни сили започнаа истрага за неуспешното пресретнување на балистичкиот проектил кој го погодил Арад. Се верува дека станува збор за ракета со конвенционална боева глава со голема количина експлозив.

Покрај тоа, и Командата за домашен фронт води посебна истрага за околностите под кои дошло до пробив на противвоздушната одбрана, како во Арад, така и во претходниот напад врз Димона.


Спасувачките служби и натаму се на терен и вршат пребарување на погодените подрачја, стравувајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.

Овие напади претставуваат најсериозна ескалација од почетокот на воениот судир, со директни удари врз населени подрачја и зголемена опасност од натамошно ширење на насилството во регионот.

(Видео)

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top