Свет

Израел го призна Сомалиленд за независна држава, планира таму да раселува Палестинци

Според некои извештаи, Сомалиленд е едно од потенцијалните места каде што Израел би сакал да ги пресели Палестинците од Газа

 

Израел стана првата земја во светот што официјално го призна Сомалиленд како независна држава.

Според некои извештаи, Сомалиленд е едно од потенцијалните места каде што Израел би сакал да ги пресели Палестинците од Газа. Локацијата на земјата на Црвеното Море, исто така, ја зајакнува позицијата на Израел против заканите од Хутите во Јемен.

Египет, Турција, Сомалија и Џибути протестираа против одлуката на Израел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа во телефонско интервју за Њујорк пост изјави дека САД се спротивставуваат на признавањето на независноста на Сомалиленд.
„Не“, одговори претседателот кога беше прашан дали Вашингтон ќе ја признае Сомалиленд, а потоа праша: „Дали луѓето всушност знаат што е Сомалиленд?“

Сомалиленд беше британски протекторат до 26 јуни 1960 година, кога доби независност на 1 јули 1960 година. Двете сомалиски страни доброволно се обединија за да ја формираат Сомалија. По обединувањето во 1960 година, северните кланови (во Сомалиленд) брзо се најдоа политички и економски изолирани. Повеќето клучни позиции и инвестиции беа концентрирани на југ, во главниот град Могадишу, што доведе до растечко незадоволство и неуспешен обид за државен удар во 1961 година.

Денес, Сомалиленд функционира како де факто независна држава со сопствена валута, армија, пасош и демократски избрана влада, иако меѓународната заедница официјално не ја признава.

Пасошите на Сомалиленд се признати од Етиопија и ОАЕ. За разлика од Сомалија, Сомалиленд е стабилна држава со високо ниво на внатрешна стабилност; таа целосно ја контролира својата територија преку сопствена армија. Сега.бг

Најнови вести од: Свет

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Досетлива“ српско-хрватска двојка продавала во Унгарија седативи за коњи како дрога!

Легален бизнис со коњи бил користен како прикритие за продажба на ветеринарен лек-седатив за коњи со кетамин на црниот пазар, но како дрога наменета за луѓе. По апсењето на мажот, во шемата се вклучила и неговата сопруга. Обвинителството во Будимпешта поднесе обвиненија и предложи затворска казна против оваа двојка, државјани на Србија и Хрватска. Според обвинението, 41-годишниот маж водел пансион за коњи и се натпреварувал со коњи. Покрај тоа, од 2019 година, тој редовно продавал ветеринарни лекови што го содржат седативнот кетамин во големи количини.

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. „Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

To top