Свет

Израелски војници уапсени во Белгија по жалба за воени злосторства од групи за човекови права

Двајцата војници приведени на музички фестивал по пријава за (не)дела сторени во Газа

Белгиската федерална полиција во неделата уапси двајца израелски војници кои се соочуваат со обвиненија за воени злосторства во Газа по жалба од две групи за човекови права.

Во соопштението на Фондацијата Хинд Раџаб (HRF) и Глобалната мрежа за правна акција (Glan) се вели дека двајцата биле во земјата за да присуствуваат на музички фестивал и оти судските постапки се во тек.

„Осомничените беа идентификувани и уапсени со јасна демонстрација на сила на фестивалот Tomorrowland во Бум“, соопштија групите.

„Мислиме дека сега ќе видиме домино ефект низ Европа и низ целиот свет“, изјавија оттаму, објаснувајќи дека обвинувањата поднесени против двајцата војници вклучуваат употреба на човечки штитови и безобѕирно уништување.

Доказите се собрани од сопствениот профил на социјалните медиуми на војниците.

„Едниот од нив објави видеа од неговата единица како крева во воздух имоти во Газа и во Либан. Другиот позираше до Палестинец кој неговата единица го користеше како човечки штит“, објаснуваат од групите за човекови права.

По приведувањето, војниците биле сослушани и потоа ослободени.

Апсењата се случија истиот ден кога белгискиот крал Филип ја опиша ситуацијата во Газа како „срам за човештвото“. Во говорот во неделата тој рече дека Белгија ги поддржува повиците на ОН за „итно ставање крај на оваа неподнослива криза“.

Најнови вести од: Свет

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. -Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

ЕНП бара итно сослушување на Марта Кос за соработката со југословенските тајни служби

Европската народна партија (ЕНП) побара вонреден состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за да ја сослуша комесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос.

Зошто горивото во Германија е поскапо од остатокот на Европската Унија?!

Цените на горивата растат низ цела Европа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но Германија се издвојува со значително повисоки поскапувања од просекот на Европската Унија. Бензинот таму поскапел за околу 5 проценти, што е двојно повеќе од повеќето соседни земји. Главната причина не е само глобалниот раст на цената на нафтата, туку структурата на самата цена во Германија.

To top