Свет

Кадиров спасен од водите на Егејско Море

Реагирале вработените во хотелот во Бодрум каде што престојувал, кои веднаш повикале брза помош и крајбрежна стража

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров бил спасен откако почнал да се дави во Егејското Море, објавија турски медиуми.

Инцидентот се случил вчера попладне во турскиот град Бодрум, каде што Кадиров престојувал во хотел со пет ѕвезди. Откако Кадиров влегол во водата, одеднаш почнал да се дави.

Реагирале вработените во хотелот, кои веднаш повикале брза помош и крајбрежна стража.

Спасувачите и медицинските лица пристигнале на местото на настанот и пружиле прва помош на плажата.

По итната интервенција, Кадиров бил однесен во приватна клиника. Лекарите известиле дека неговата состојба е стабилна, нема опасност по неговиот живот.

По кратко набљудување, тој бил отпуштен.

Нема официјални коментари од чеченските власти.

 

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top