Свет

Катастрофа на повидок: Над 600 Руси заробени во нуклеарката Бушер во Иран!

Директорот на „Росатом“ предупреди дека евентуален напад врз централата би имал несогледливи последици за регионот

Извршниот директор на „Росатом“, Алексеј Лихачов, изјави дека повеќе од 600 руски државјани во моментов се заробени во нуклеарната централа Бушер во Иран, кој од саботата наваму е цел на жестоки напади од САД и од Израел.

Тој предупреди дека комуникацијата со раководството на иранската нуклеарна индустрија е целосно прекината, а евентуален напад врз самата централа би предизвикал регионална катастрофа.

Во централата во моментов се заробени точно 639 руски државјани. Децата веќе се успешно евакуирани, а мал број жени остануваат во камповите, откако одбија да заминат за да останат со своите сопрузи.

„Штом воената ситуација дозволи и има пауза помеѓу нападите, ќе евакуираме уште околу 150 до 200 луѓе“, рече Лихачов.

Тој нагласи дека автобусите се подготвени и дека рутите се одредени, но претседателот Владимир Путин е информиран дека за самото спроведување на евакуацијата ќе биде потребна силна политичка поддршка за да се овозможи безбедно минување.

„За жал, го изгубивме контактот со целото високо раководство на иранската нуклеарна индустрија – тие не одговараат на нивните телефони ниту на електронската пошта. Физичката состојба на овие луѓе во моментов ни е непозната“, предупреди Лихачов.

„Росатом“ потврдува дека се извршени напади врз постројките за збогатување ураниум во Форд и Натанц, како и врз големиот нуклеарен комплекс во самиот Техеран, каде што се наоѓа истражувачкиот реактор. Степенот на штетата на овие постројки сè уште не е утврден.

Директен напад врз електраната Бушер, чиј реактор работи со полн капацитет, би довел до невидена трагедија.

„Мораме да разбереме дека внатре има 72 тони гориво и уште 210 тони потрошен нуклеарен материјал. Ова е огромна маса фисионен материјал. Во случај на напад, тоа би била регионална катастрофа, што сите страни во конфликтот мора да ја разберат, без оглед на нивната политика“, нагласи шефот на „Росатом“.

Раководството на „Росатом“ побара од претседателот Путин да го повтори ставот за апсолутна неприфатливост на каков било ризик или директни напади врз нуклеарните постројки во разговорите со лидерите на Израел, САД и арапските земји.

 

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top