Свет

Ќе видиме дали американската војска ќе му каже „НЕ“ на Трамп

Сегашната стратегија на претседателот „сè повеќе изгледа како еден човек во една соба да донесува одлуки“

 

Бен Родс, поранешен заменик советник за национална безбедност во администрацијата на Барак Обама, остро го критикуваше пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп кон војната со Иран, објавува Би-Би-Си.

Родс рече дека сегашната стратегија „сè повеќе изгледа како еден човек во една соба да донесува одлуки“, предупредувајќи дека Трамп не ги следи нормалните процеси на донесување одлуки.

Во интервју за Би-Би-Си, тој истакна дека Трамп не се чини дека ги користи вообичаените политички и воени советници. „Се чини дека не се потпира на советници или не следи нормален процес“, рече тој.

Тој исто така додаде дека претседателот ризикува да го прекрши меѓународното право со закана дека ќе нападне цивилна инфраструктура.

„Ќе видиме дали американската војска е подготвена да му каже не на Трамп“, рече Роудс.

Тој верува дека војната не може да се заврши со воени средства, туку исклучиво преку преговори.

„Иран е ослабен од нападите, но во некои аспекти е и зајакнат, на пример преку демонстрација на моќ во Ормутскиот теснец“, заклучи тој.

Најнови вести од: Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

To top