Свет

Кина со план од 4 точки за мир на Блискиот Исток

Некои економисти веруваат дека Кина успеала да се заштити од најлошите последици од војната. Тие велат дека големите резерви на нафта и диверзифицираните извори на енергија го ублажуваат ударот од конфликтот.

 

Кинескиот претседател Си Џинпинг предложи план од четири точки за постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток, објавија кинеските државни медиуми.

Предлогот вклучува:

почитување на принципот на мирен соживот,

почитување на националниот суверенитет,

почитување на меѓународното право и

хармонизирање на развојот и безбедноста.

Според новинската агенција „Синхуа“, претседателот Си го даде предлогот за време на состанокот во Пекинг со еден од клучните политички актери од Обединетите Арапски Емирати, престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Халед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Војната меѓу САД и Израел против Иран имаше индиректни последици за Кина. Извозот значително се забави во споредба со претходните два месеци, првенствено поради растечката неизвесност и влијанието на конфликтот врз цените на енергијата и глобалната побарувачка.

Сепак, некои економисти веруваат дека Кина успеала да се заштити од најлошите последици од војната. Тие велат дека големите резерви на нафта и диверзифицираните извори на енергија го ублажуваат ударот од конфликтот.

Следниот месец, американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретне со Си во Пекинг, откако средбата беше одложена поради војната со Иран.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top