Свет

Кипар го презеде претседателството со ЕУ под слоганот „Автономна Европа“

Претседателот Никос Христодулидес ги презентираше приоритетите на кипарското претседателство:

Кипар од денеска го презеде ротирачкото шестмесечно претседателство со Советот на Европската Унија од Данска, станувајќи вторпат претседавач по 2012 година.
Поделената островска држава со население од помалку од еден милион жители, членка на ЕУ од 2004 година, ќе претседава под слоганот „Автономна Европа, отворена кон светот“.

Претседателот Никос Христодулидес ги презентираше приоритетите на кипарското претседателство:

Зајакнување на стратешката автономија на ЕУ во одбраната, безбедноста, енергијата, конкурентноста и миграцијата;
Континуирана поддршка за Украина;
Договор за Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) 2028–2034;
Напредок во проширувањето на ЕУ;
Зајакнување на односите со Блискиот Исток, Источниот Медитеран и земјите од Заливот.

Кипар ќе се залага за брзо спроведување на Белата книга за европска одбрана и Планот за одбранбена подготвеност до 2030 година, како и за целосно имплементирање на Пактот за миграција и азил.

Кипарското претседателство ќе биде домаќин на неформален самит на ЕУ на 23 април 2026 година, а на 24 април на лидерите на ЕУ ќе им се придружат претставници од соседните земји, вклучително и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Кипар останува единствената поделена земја во ЕУ, со северниот дел окупиран од Турција од 1974 година и прогласена Турска Република Северен Кипар, призната само од Анкара.

Никос Христодулидес (52 години) е првиот претседател роден во независен Кипар (по 1960 година) и вторпат учествува во претседателство со ЕУ – првпат како портпарол во 2012 година, а потоа како министер за надворешни работи.

По Кипар, претседателството во втората половина од 2026 година ќе го преземе Ирска.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top