Свет

Курдите кренаа раце од оружена борба за своите права

Работничката партија на Курдистан(ПКК) одлучи да се распушти. На Конгресот на ПКК (5-7 мај) беше оценето дека курдското прашање е доведено до точка од која може да се реши преку демократска политика и беше заклучено дека ПКК ја исполнила својата историска мисија. Врз основа на ова, 12-тиот Конгрес одлучи да ја распушти организациската структура на […]

Работничката партија на Курдистан(ПКК) одлучи да се распушти.

На Конгресот на ПКК (5-7 мај) беше оценето дека курдското прашање е доведено до точка од која може да се реши преку демократска политика и беше заклучено дека ПКК ја исполнила својата историска мисија.

Врз основа на ова, 12-тиот Конгрес одлучи да ја распушти организациската структура на ПКК и да ја прекине вооружената борба, а процесот на имплементација да го управува и води лидерот Абдула Оџалан.

Според тоа, сите активности што се спроведуваат под името ПКК се прекинати, се вели во соопштението.

ПКК е во конфликт со Турција повеќе од 40 години.

На 27 февруари, Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна казна затвор од 1999 година, упати повик преку своите адвокати за продолжување на мировни преговори со Турција.

„Одлуката на терористичката организација ПКК да се распушти и да го положи оружјето е клучен чекор кон „Турција без тероризам“, изјави денес портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, јавува агенцијата Анадолија

Со затворање на сите ограноци на ПКК и нелегални структури, тоа ќе биде пресвртница“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

To top