Оваа година, заедно други 12 автори, во трка за престижната награда “The Baillie Gifford Prize” за документарна/ стручна литература е и книгата “The North Stream Conspiracy/Заговорот за северниот поток” од Бојан Панчевски, дописник на WSJ од Берлин.
Во книгата, се истражува саботажата и минирањето на гасоводот “Северен поток” што се случи во септември 2022 година во Балтичките море. Германското обвинителство отвори случај за разнесување на гасоводот.
,,Долгата листа на #BGPrize2026 е тука, и за среќа на читателите, оваа година славиме 13 исклучителни дела од нефикција. Честитки до сите автори и издавачи на овогодинешната листа”, објавуваат од The Baillie Gifford Prize.
Во своето дело Бојан Панчевски пишува за настанот од септември 2022 година, кога скандинавските сеизмолози открија нешто што изгледаше како огромен подводен земјотрес или вулканска ерупција. Овие сигнали беа предизвикани од неколку разорни експлозии што го уништија Северниот поток, гасоводот од 20 милијарди долари што носи евтин руски гас до Европа под Балтичкото Море. Мистериозните експлозии ја поместија глобалната геополитика, ги нарушија европските економии и предизвикаа потера што ги затегна односите во рамките на НАТО алијансата.
И покрај тоа што ја зафати имагинацијата на милиони, мистеријата за тоа кој го разнесе гасоводот досега останува нерешена – дали беше ЦИА? Дали беше дел од војната во сенка меѓу Русија и Западот? Дали самиот Путин можеше да стои зад тоа?
,,Црпејќи од години известување од прва рака и ексклузивен пристап до клучните играчи – вклучувајќи ги саботерите, истражителите и разузнавачките служби на високо ниво – „Заговорот за Северниот тек: Внатрешната приказна за експлозиите што го потресоа светот“ на Панчевски ја открива вистинската приказна зад една од најзначајните геополитички мистерии на нашето време.
Книгата е објавена во Јуни годинава од
издавачката куќа Корнерстоун / Хачинсон Хајнеман а форматот е во тврда корица на 336 страници.
Бојан Панчевски е главен европски политички дописник на „Волстрит џурнал“, кој ги покрива европските и глобалните прашања. Тој работи на големи истраги, вести за поставување агенда, анализи на политиката и дипломатијата и длабински известувачки написи.
Пред да се приклучи на WSJ, тој известувал за Европа за „Тајмс“ и „Сандеј тајмс“. Панчевски освоил награди за новинарство во Велика Британија, САД и Германија, а беше дел од тимот на финалисти на Пулицеровата награда за меѓународно известување на Journal во 2025 година.