Свет

Макрон се нуди да ја брани Европа со „нуклеарен чадор“

Тоа е нов „нуклеарен чадор“ во рамките на НАТО и Европската Унија, но независен од Соединетите Американски Држави. Германија, Данска и Шведска веќе ја прифатија понудата

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави проширување на нуклеарниот арсенал и понуди стратешка одбранбена соработка на голем број европски земји.

Тоа е нов „нуклеарен чадор“ во рамките на НАТО и Европската Унија, но независен од Соединетите Американски Држави. Германија, Данска и Шведска веќе ја прифатија понудата на Макрон.

Франција досега покани осум земји да соработуваат: Обединетото Кралство, Германија, Полска, Холандија, Белгија, Грција, Данска и Шведска. Првично, новата соработка ќе вклучува размена на знаење и учество во вежби на француските нуклеарни сили. Сепак, на долг рок, би можела да вклучува и стационирање на француско нуклеарно оружје во други земји.

„Поминуваме низ период на геополитички превирања. Има сè повеќе конфликти меѓу државите со нуклеарно оружје. За да се соочи со овој зголемен ризик од нуклеарна војна, Франција мора да ја промени својата нуклеарна доктрина“, објасни Макрон во говорот во поморската база во Бретања, пред една од француските нуклеарни подморници.

Се верува дека Франција има околу 300 нуклеарни боеви глави.

Таа е единствената нуклеарна сила во Европската Унија.

За разлика од британската програма за нуклеарно оружје, француската програма е целосно независна од САД. Боевите глави се стационирани и во други европски земји, како што се Италија, Холандија и Белгија, но се целосно под контрола на САД.

Најнови вести од: Свет

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top