Свет

Медведев: Очекувајте ги нашите понатамошни чекори

Москва повеќе не се смета обврзана со мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел од копно

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност и поранешен претседател и премиер на земјата, Дмитриј Медведев, предупреди дека Русија влегува во „нова реалност“ со напуштање на мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел.

„Ова е нова реалност со која сите наши противници ќе мора да сметаат. Очекувајте ги нашите понатамошни чекори“, напиша тој на социјалната мрежа , пренесе Ројтерс.

Медведев ја даде изјавата неколку часа откако руското Министерство за надворешни работи објави дека Москва повеќе не се смета себеси за обврзана со мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел од копно. Одлуката доаѓа во услови на тензии со САД и НАТО, кои – според Москва – веќе имаат такво оружје во Европа и Азиско-пацифичкиот регион.

„Одлуките за контрамерките ќе бидат донесени по внимателна анализа на ситуацијата“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

САД се повлекоа од значајниот Договор за нуклеарни сили со среден и краток дострел (INF) во 2019 година, обвинувајќи ја Русија за прекршувања. Москва во тоа време изјави дека ќе се придржува до мораториумот ако Вашингтон исто така се воздржи од распоредување ракети. Таа позиција сега е официјално напуштена.

Кон крајот на минатата година, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров предложи Русија да одговори на „дестабилизирачките дејствија“ на Западот во стратешката сфера.

Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (INF) беше потпишан во 1987 година од страна на американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов.

Со него беше забранета цела класа ракети со копнена база со дострел од 500 до 5.500 км – инструмент кој со децении служеше како стратешка рамнотежа во глобалната безбедност

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

To top