Свет

Милијардерот коосновач на текстилниот гигант стана најбогатиот магнат за недвижности во светот

И покрај огромното богатство, компанијата Pontegadea има само околу 90 вработени, а управувањето е концентрирано во тесен круг на семејството. Со оглед на тоа што оваа година се очекува да добие рекордна дивиденда од 3,8 милијарди долари од Inditex, аналитичарите сметаат дека Ортега ќе продолжи со агресивни инвестиции, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како најмоќен играч на глобалниот пазар на недвижности.

Шпанскиот милијардер Amancio Ortega, коосновач на модниот бренд Zara и сопственик на групацијата Inditex, денес важи за најбогатиот инвеститор во недвижности на глобално ниво, откако изгради империја вредна околу 25 милијарди долари, пренесе Forbs.

Само во ноември минатата година, Ортега плати околу 850 милиони долари во готово за историската зграда на Canada Post во Ванкувер – објект што се простира на цел градски блок и е изнајмен на технолошкиот гигант Amazon. Оваа трансакција постави рекорд како најголема продажба на деловен простор во Канада.

Во текот на една година, Ортега инвестирал повеќе од 3 милијарди долари во недвижности во 10 градови и 8 земји, купувајќи деловни згради, хотели, индустриски објекти, луксузни трговски комплекси и станбени кули, како и удел во британски пристанишен оператор. Вкупно, од 2001 година наваму, вложил околу 24 милијарди долари во повеќе од 200 имоти во речиси 100 пазари.

Неговиот имотен портфолио денес е поголем од оној на познати инвеститори како Larry Ellison и Ken Griffin, а ја надминува и вредноста на портфолијата на најголемите класични градежни магнати. Ортега, кој потекнува од скромно семејство и ја започнал кариерата како продавач на кошули на 14-годишна возраст, ја изградил својата модна империја со основањето на Zara во 1975 година. По излегувањето на Inditex на берза во 2001 година, тој започнал агресивно да инвестира во недвижности преку својата холдинг-компанија Pontegadea.

Неговата стратегија значително се разликува од другите инвеститори – купува врвни, престижни објекти на најатрактивни локации, најчесто без задолжување, и речиси никогаш не ги продава. Дел од неговите најпознати инвестиции се облакодерот Torre Picasso во Мадрид, Devonshire House во Лондон, како и деловни комплекси во Сиетл и Торонто.

Голем дел од овие објекти се изнајмени на водечки светски компании како Apple, Meta, Nike и Spotify, што му обезбедува стабилен и долгорочен приход. Покрај инвестициската стратегија, недвижностите му служат и како даночна оптимизација. Шпанските закони овозможуваат значителни олеснувања доколку средствата се вложени во активен бизнис, што му помогнало да заштеди стотици милиони долари даноци во последните децении.

И покрај огромното богатство, компанијата Pontegadea има само околу 90 вработени, а управувањето е концентрирано во тесен круг на семејството. Со оглед на тоа што оваа година се очекува да добие рекордна дивиденда од 3,8 милијарди долари од Inditex, аналитичарите сметаат дека Ортега ќе продолжи со агресивни инвестиции, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како најмоќен играч на глобалниот пазар на недвижности.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top