Свет

Милиони ги напуштат своите домови, поради климатските промени

„Во текот на изминатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови внатрешно раселиле 250 милиони луѓе, или повеќе од 67.000 луѓе дневно“, се вели во извештајот на Аагенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР).

 

 

 

Извештајот е објавен пред пред 30-тата годишна Конференција на ОН за климатски промени, која започнува денес во Бразил.

Според Извештајт, три четвртини од луѓето раселени поради конфликт живеат во земји кои се особено ранливи на ефектите од климатските промени. УНХЦР, меѓу другото, ги наведува поплавите во Јужен Судан и Бразил, рекордните топлотни бранови во Кенија и Пакистан и недостигот на вода во Чад и Етиопија.

„Климатските промени ги влошуваат и ги зголемуваат предизвиците со кои се соочуваат веќе раселените, како и земјите домаќини, особено во кревките и погодените од конфликт средини“, се вели во извештајот.

Само една четвртина од средствата достапни за прилагодување кон последиците од климатските промени стигнале до земјите погодени од конфликти, кои честопати самите биле домаќини на многу бегалци, додава УНХЦР.

Годишниот самит на ОН за климата, познат како COP30, често се користи како сцена за посиромашните земји да побараат поголемо финансирање од попросперитетни земји за прилагодување кон сè понепријателските климатски услови.

„Ако сакаме стабилност, мора да инвестираме таму каде што луѓето се најмногу изложени на ризик“, рече шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.
„За да се спречи понатамошно раселување, финансирањето за климатски мерки мора да стигне до заедниците што веќе живеат на маргините“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top