Свет

На Израел не ѝ е доста Газа, го сака и палестинскиот Источен Ерусалим

Палестина во градот Ерусалим го гледа својот главен град, а Израел тоа категорично го одбива

Обединетите нации го повикуваат Израел да ја поништи својата одлука за оживување на долго замрзнатиот план за населување што би го одвоил Западниот Брег од Источен Ерусалим, изјави портпаролот Стефан Дужарик.

Израелската крајнодесничарска министерка за финансии, Безалел Смотрич, преку ноќ ги одобри плановите за решение што би го одвоило Источен Ерусалим од окупираниот Западен Брег.

„Ова би ги уништило изгледите за решение со две држави“, им рече Дужарик на новинарите.

„Населбите се спротивни на меѓународното право и дополнително ја зацврстуваат окупацијата“, додаде тој.

Критичарите на проектот Е1 велат дека тој би го поделил Западниот Брег, би го одвоил Источен Ерусалим, кој Палестинците го сакаат како свој иден главен град, и би го оневозможил создавањето на целосна палестинска држава.

Палестина во градот Ерусалим го гледа својот главен град, а Израел тоа категорично го одбива.

Стариот град на Ерусалим е всушност т.н. источниот дел, во кој се наоѓаат најсветите места за евреите, муслиманите и христијаните, како Ѕидот на плачот, Ал Акса, Светиот Гроб итн.

Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, во четврток изјави дека планот на Израел за населување е некомпатибилен со меѓународното право и ги повика израелските власти да не го спроведуваат.

„Одлуката на израелските власти да го спроведат планот за населување Е1 дополнително го поткопува решението со две држави и во исто време го крши меѓународното право“, рече Калас во соопштението.

„ЕУ го повторува својот повик до Израел да престане со изградбата на населби“, додаде таа.

Израел ги замрзна плановите за изградба таму од 2012 година поради приговори од САД, европските сојузници и другите светски сили кои го сметаат проектот за закана за секој иден мировен договор со Палестинците.

Проектот Е1 би ја поврзал населбата Маале Адумим на Западниот Брег со Ерусалим.

Поголемиот дел од меѓународната заедница ги смета израелските населби на Западниот Брег и нивната воена окупација на регионот од 1967 година за нелегални.

 

Најнови вести од: Свет

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа.

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

Белата куќа ќе избегне да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран

Претходно „Тајм“ објави дека демократите би можеле да го тужат американскиот претседател Доналд Трамп ако тој продолжи со воената акција против Иран по 1 мај без да добие одобрение од Конгресот

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

Најнови вести

To top