„Од почетокот на примената регистрирани се над 52 милиони влегувања и излегувања. Комисијата го поздравува денешното целосно воведување на овој нов систем за влез во ЕУ и излез од блокот (EES)“, се наведува во соопштението. Благодарение на новата автоматизирана контрола, регистрирањето на еден патник трае во просек 70 секунди, што значително ја забрзува процедурата.
Системот ги заменува рачните печати и овозможува евиденција на личните и биометриските податоци, со цел полесно следење на пречекорувањата на престојот. Новите правила се однесуваат на државјани на трети земји кои не се членки на ЕУ или на Шенген-зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а се применуваат за краткорочен престој до 90 дена.
Иако на почетокот на годината секторот за воздушен транспорт изрази незадоволство поради одложувањата, ЕК денеска потврди дека системот е успешно имплементиран на сите гранични премини на надворешните граници на ЕУ.