Свет

На повидок трилатерална средба Си Џинпинг-Трамп-Путин во Кина

Тројцата најмоќни луѓе на планетата е можно да се сретнат на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во ноември

Постои можност на претстојниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка во Кина да се одржи трилатерална средба меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави Јуриј Ушаков, помошник на шефот на руската држава.

„Си, како домаќин, спомена дека Трамп, очигледно, ќе дојде. Ќе дојде и Путин, кој исто така е поканет. И ако сè оди според она што е кажано, може да се организира трилатерален состанок“, рече Ушаков, пренесува Спутник.

Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка ќе се одржи во кинескиот град Шенжен на 18 и 19 ноември.

Најнови вести од: Свет

To top