Свет

Нападите од Иран им нанеле штета на САД од 13 милијарди долари

„Вол стрит џурнал“ изброи над 2.000 одмазднички напади, 20 американски бази на удар и 42 оштетени или уништени авиони

Штетите што ги претрпеа Соединетите Американски Држави од одмаздничките напади од Иран се проценуваат на 13 милијарди долари, пишува весникот „Вол стрит џурнал“.

Од почетокот на американската операција „Епски бес“ кон крајот на февруари, Иран изврши повеќе од 2.000 одмазднички напади со ракети и со беспилотни летала против американските воени бази во регионот.

Нападнати се најмалку 20 воени објекти што ги користи американската војска на Блискиот Исток.

Најмалку 42 авиони на американското воено воздухопловство, вклучително и оние во воздушните бази, беа оштетени или уништени.

Во војната со Иран досега загинаа 18 американски војници, а над 600 се повредени.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top