Свет

Наредните денови средба Путин-Трамп

„Њујорк тајмс“ дека Трамп има намера да се сретне лично со Путин следната недела, а потоа да организира трипартитен состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски

 

„На предлог на американската страна, во принцип е постигнат договор за одржување билатерален состанок на највисоко ниво во наредните денови, имено состанок меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп“, соопшти советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков

Според руската државна новинска агенција РИА Новости, локацијата на состанокот е договорена и ќе биде објавена подоцна, но тешко е да се каже коку ќе траат подготовките.

Според Ушаков, специјалниот претставник на Белата куќа, Стивен Виткоф, ја споменал идејата за трилатерален состанок меѓу Путин, Трамп и Зеленски, но Москва не одговорила на тој предлог.

„Предлагаме да се фокусираме, пред сè, на подготовка за билатерален состанок со Трамп и сметаме дека е најважно овој состанок да биде успешен и конструктивен“, нагласи Ушаков.

Вчера, Путин го прими американскиот претставник во Кремљ на средба што траеше повеќе од три часа.

Средбата била конструктивна и на неа се разговарало за понатамошна заедничка работа за решавање на „украинската криза“, а Русија ќе ги информира своите пријатели и партнери за резултатите од средбата.

Како што рече Ушаков, преку Виткоф, лидерите на двете земји разменија сигнали во врска со Украина, а беа разгледани и перспективите за развој на стратешка соработка меѓу Москва и Вашингтон.

Вчера, два извори изјавија за „Њујорк тајмс“ дека Трамп има намера да се сретне лично со Путин следната недела, а потоа да организира трипартитен состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според истите извори, Трамп зборувал за оваа намера вчера за време на телефонски разговор со европските лидери. На состаноците ќе учествуваат само тој, Путин и Зеленски – без учество на европските лидери.

 

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top