Свет

Нетанјаху бара помилување од претседателот на Израел

Pремиерот сè уште верува дека судските постапки ќе резултираат со целосно ослободување

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата побара од претседателот на земјата помилување во неговото долгогодишно судење за корупција, тврдејќи дека кривичните постапки го попречуваат неговиот капацитет да владее и дека помилувањето би било добро за Израел.

Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж во земјата, долго време ги негира обвиненијата за поткуп, измама и кршење на довербата, јавува Ројтерс

Неговите адвокати во писмо до кабинетот на претседателот изјавија дека премиерот сè уште верува дека судските постапки ќе резултираат со целосно ослободување.

Нетанјаху се соочува со случај на корупција, а истрагите против него датираат од 2017 година.

Премиерот се соочува со обвиненија за поткуп, измама и кршење на довербата.

Тој беше обвинет во 2019 година по три точки кои вклучуваат подароци од пријатели милионери и за наводно барање регулаторни услуги за медиумски магнати во замена за поволно известување. Тој негира какво било кривично дело.

По израелскиот премиер е издадена и меѓународна потерница од Меѓунадодниот кривичен суд

Ако Нетанјаху оди во Канада, ќе биде уапсен (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Трамп најави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови

Украина им помага на САД и на Блискиот Исток против Иран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека три групи украински специјалисти заминале за да ја зајакнат противвоздушната одбрана на САД и нивните сојузници на Блискиот Исток, тврди Институтот за проучување на војната (ISW)

To top