Свет

Одмазднички контранапад на Иран врз Израел, повредени над 40 лица

Иран истрела стотици балистички ракети кон Израел, според државните медиуми, како одговор на нападите од Израел претходно во петокот. Иран изврши напади врз „десетици цели, воени центри и воздухопловни бази“, кои му припаѓаат на Израел, според Исламската револуционерна гарда. И според висок ирански функционер, Израел „се соочува со темна ноќ пред себе“. Бројот на повредени […]

Иран истрела стотици балистички ракети кон Израел, според државните медиуми, како одговор на нападите од Израел претходно во петокот.

Иран изврши напади врз „десетици цели, воени центри и воздухопловни бази“, кои му припаѓаат на Израел, според Исламската револуционерна гарда. И според висок ирански функционер, Израел „се соочува со темна ноќ пред себе“.

Бројот на повредени лица во ракетните напади на Иран врз Израел се искачи на 42, а две лица се во критична состојба, објави „Џерусалем пост“.

Жена која беше тешко повредена во еден од иранските напади се бори за живот во болницата „Бејлинсон“, според Националната служба за итна медицинска помош Маген Давид Адом (МДА).

Погодени се, наводно, зградите на израелското Министерство за одбрана, Министерството за национална безбедност и владиниот комплекс во Кирија, каде што се наоѓа заштитениот команден центар на Израелските одбранбени сили.

Одмаздничката операција на Иран против Израел е наречена „Вистинско ветување 3“, соопшти ИРГ.

Израел се заканува со жесток одговор на иранските напади.

„Иран ги премина црвените линии кога се осмели да испука ракети врз цивилни населби во Израел. Ќе продолжиме да ги заштитуваме израелските граѓани и да се погрижиме режимот на ајатолахот да плати многу висока цена за своите криминални дејствија“, рече израелскиот министер за одбрана Кац.

Претходно, иранските медиуми објавија дека 78 лица се убиени, а 329 повредени во денешните израелски напади.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top