Свет

Операцијата „Епски бес“ на Трамп се претвори во „епски неуспех“

Демократите се повикаат на уставните овластувања на Конгресот во врска со вооружениот конфликт и ќе бараат гласање за резолуција што би го ограничило учеството на американската војска во конфликтот со Иран

Лидерот на демократите во Сенатот на САД, Чак Шумер, остро ја критикуваше политиката на претседателот Доналд Трамп кон Иран и рече дека ќе се залага за гласање за ограничување на воените овластувања на претседателот.

Шумер ја нарече операцијата „Епски бес“ на Трамп „епски неуспех“, истакнувајќи дека 13 американски војници се убиени откако започна на 28 февруари.

„Ајде да ја наречеме политиката на Трамп кон Иран со нејзиното вистинско име. Тоа не е операција „Епски бес“, туку операција „Епски неуспех“.

Каков колосален неуспех“, им рече Шумер на новинарите на Капитол Хил во вторник.

Шумер рече дека демократите ќе се повикаат на уставните овластувања на Конгресот во врска со вооружениот конфликт и ќе почнат да се залагаат за гласање за резолуција за воени овластувања оваа недела, што би го ограничило учеството на американската војска.

„Доколку републиканците во Сенатот не дејствуваат, демократите ќе ја преземат иницијативата.

Почнувајќи од оваа недела, ќе гласаме за Резолуцијата за воени овластувања.

Доколку републиканците ја блокираат, ќе гласаме одново и одново додека не заврши оваа војна или додека Конгресот не си ја заврши својата работа и не ја повика администрацијата на одговорност“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Лаен ја покани Канада да се приклучи кон ЕУ како прва придружна членка

Претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека Канада и ЕУ мора „итно да ги редефинираат“ своите односи. „Затоа сакам да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на ЕУ“, му рече таа на канадскиот премиер Марк Карни, кој во моментов води еден вид трговска војна со администрацијата на Трамп.

To top