Свет

Орбан: И украинските власти „се претераа“

Унгарскиот премиер вели дека дека неговата влада нема да испраќа пари во Украина, затоа што тие пари се подобро наменети за унгарските семејства отколку, како што рече, „во бањата на украински олигарх“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека украинското раководство ја преминало границата и дека неговата земја не барала конфликт, а сепак Унгарија веќе неколку дена е цел на притисоци.

„Сè додека Унгарија има патриотска влада, овие прашања нема да се решаваат во Киев или Брисел. Украинците тоа го знаат, затоа сакаат нова, пријателска влада во Будимпешта и сè закануваат на секој чекор“, напиша Орбан на својата страница на Фејсбук.

Орбан додаде дека неговата влада нема да испраќа пари во Украина, затоа што тие пари се подобро наменети за унгарските семејства отколку, како што рече, „во бањата на украински олигарх“.

Тој исто така потенцираше дека Унgарија нема да дозволи забрана за увоз на руска нафта и гас, бидејќи, според него, без овие ресурси нема да биде возможно намалување на трошоците за комуналии и обезбедување пристапна енергија за маѓарските семејства.

„Нема да дозволиме Украина да биде втурната во Европската унија за две години кршејќи ги законите на ЕУ, бидејќи тоа би значело и увоз на војна“, додаде Орбан.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top