Свет

Орбан: Во Украина разоткриена воена мафија поврзана со Зеленски

„Ова е хаос во кој бриселската елита сака да ги истури парите на европските даночни обврзници. Парите што нема да завршат на фронтот ќе бидат украдени од воената мафија. Лудило“, вели унгарскиот премиер

Унгарскиот премиер изјави дека „во Украина е разоткриена воена мафија, која е поврзана на илјада начини со претседателот Зеленски“.

Министерот за енергетика веќе поднесе оставка, а главниот осомничен избега од земјата, потсети Орбан во објава на Фејсбук.

„Ова е хаос во кој бриселската елита сака да ги истури парите на европските даночни обврзници. Парите што нема да завршат на фронтот ќе бидат украдени од воената мафија. Лудило“, рече премиерот.

„Ние не го сакаме тоа. Унгарските пари нема да бидат испратени во Украина. Подобро ќе се користат дома“, рече тој, додавајќи дека оваа недела надоместокот за згрижувачки родители е удвоен и е донесена одлука за воведување 14-та пензија.

„По сето ова, нема да имаме никакви барања и уцени од украинскиот претседател. Крајно време е оние во Брисел да разберат на што ги трошат своите пари“, рече Орбан.

Украинските власти поднесоа обвиненија против седум лица во врска со наводна шема за поткуп од 100 милиони долари во која се вклучени високи енергетски функционери, што предизвика јавно негодување и го насочи вниманието кон борбата на Киев против корупцијата.

Во услови на голем корупциски скандал во енергетскиот сектор, украинските министри за правда Херман Халушченко и министерката за енергетика Свитлана Гринчук поднесоа оставки во среда на барање на претседателот Володимир Зеленски.

Истражителите од украинското биро за борба против корупцијата (НАБУ) ги претресоа домовите на Халушченко, кој претходно беше на чело на Министерството за енергетика, и Тимур Миндич, ко-сопственик на студиото „Квартал 95“ и поранешен деловен партнер на Зеленски.

Миндич ја напушти Украина кратко пред да избувне скандалот.

НАБУ вршела претрес на имот на партнер на Зеленски кој избегал од Украина

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Најнови вести

To top