Свет

Песков: Путин е благодарен на претседателот Трамп за неговите мировни напори, но разговорите не се лесни

Гласноговорникот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека Владимир Путин високо ги цени напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина.

Kremlin spokesman Dmitry Peskov attends a meeting of Russian President Vladimir Putin and Tajik President Emomali Rahmon at the Kremlin in Moscow, Russia, Monday, March 17, 2025. (Yury Kochetkov/Pool Photo via AP)

Гласноговорникот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека Владимир Путин високо ги цени напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина. Тој нагласи дека Кремљ го гледа Трамп единствено како претседател на САД, без дополнителни атрибути.

– Путин е благодарен на претседателот Трамп за неговите мировни напори и конструктивната природа на односите што ги имаат. Но разговорите не се лесни, затоа што секој од нив ги брани интересите на својата земја, рече Песков, пренесе ТАСС.

Тој потврди дека Путин го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва „на разговор, а не на капитулација“. Според Песков, процесот на решавање на конфликтот напредува, но сè уште е прерано да се зборува кога би можел да заврши. „Путин кажа дека постои светлина на крајот од тунелот,“ додаде тој.

Во однос на односите со Вашингтон, Песков истакна дека засега нема детали за можен нов состанок меѓу Путин и Трамп. „Моментално нема развој на настаните,“ изјави тој. Песков нагласи дека контактите меѓу Русија и САД се одвиваат на повеќе нивоа – меѓу Кремљ и Белата куќа, како и меѓу разузнавачките служби – но тоа сè уште не довело до „сеопфатно оживување на односите“.

Тој оцени дека билатералните односи претрпеле сериозни оштетувања за време на претходната американска администрација и дека ќе биде потребно време за нивна обнова. „Процесот на извлекување на нашите односи од целосна ошеметеност ќе трае извесен период. Постојат негативни инерции. Преголема штета е нанесена на целата архитектура на нашите билатерални односи,“ рече Песков.

Тој додаде дека Русија и САД сè уште не стигнале до точка на обновување на соработката во областа на културата и спортот.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

Украинскиот производител на ракети „Фламинго“ објави планови за напад врз Москва: Треба да удриме, да лансираме 20-30 ракети!

Денис Штилман, сосопственик на украинската „Фаер Поинт“, компанија за развој на ракети „Фламинго“, објави планови за лансирање до 30 нови балистички ракети кон Москва, во интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон. Според него, нападите врз руската престолнина се неопходни. „Треба да удриме. Да лансираме 20-30 ракети“, рече Штилман.

Кина: САД и Израел виновни за блокадата на Ормускиот Теснец

Главната причина за нарушувањата на навигацијата во Ормутскиот теснец лежи во илегалните воени операции спроведени од САД и Израел против Иран“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи

To top