Свет

САД излегуваат од буџетската блокада

Буџетската блокада започна на 1 октомври и трае веќе 40 дена

Американскиот Сенат со процедурално гласање одобри закон со кој ќе се овозможи прекинување на буџетската блокада и делумно продолжување на прекинатата работа на владата, објави Си-Ен-Ен.

Документот беше поддржан од 60 сенатори, додека 40 беа против. Ова стана можно откако 8 сенатори од Демократската партија ги поддржаа републиканците.

Претходно, речиси десетина обиди за изнаоѓање излез од блокадата пропаднаа од септември.

Сега проектот ќе биде вратен во Претставничкиот дом.

Потоа мора да го потпише претседателот Доналд Трамп, а процесот би можел да потрае уште неколку дена.

Блокадата погоди најразлични сектори, како авиосообраќај и прехранбени бенефиции за 41 милион Американци со ниски приходи.

Буџетската блокада започна на 1 октомври и трае веќе 40 дена.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top