Свет

Се шири воениот судир во Иран: Израел напаѓа негови енергетски објекти, Иранците тврдат оти се подготвени за шестмесечно војување

Израелската офанзива врз Иран влезе во нова фаза, во која како цели се наведуваат енергетските ресурси во земјата. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат огнени експлозии и густ чад над Техеран. На една од снимките, направена од автомобил во движење низ градска улица, се гледа како големи облаци чад се издигнуваат над делови од иранската престолнина. Снимките беа објавени откако Израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле „неколку комплекси за складирање гориво“ во Техеран.

Нападите претставуваат дел од засилените воени операции меѓу Израел и Иран, кои во последните денови доведоа до значителна ескалација на тензиите на Блискиот Исток. Иранската Револуционерна гарда соопшти дека вооружените сили на земјата се подготвени да водат интензивна војна против Соединетите Американски Држави и Израел најмалку шест месеци, доколку конфликтот продолжи со сегашното темпо.

Портпаролот на гардата, Али Мохамад Наини, изјави дека иранските вооружени сили имаат капацитет да го одржат интензитетот на борбите во подолг временски период. Според него, Иран досега користел ракети од „прва и втора генерација“, но во наредниот период би можеле да бидат употребени и понапредни ракети со долг дострел.


Изјавата доаѓа во момент кога воениот судир меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна влезе во втората недела, со напади врз воена и енергетска инфраструктура и одмазднички ракетни и беспилотни напади низ регионот. Иранските власти истовремено предупредија дека ќе продолжат со одговор на нападите, додека американскиот и израелскиот политички врв најавуваат продолжување на воените операции против иранските воени и безбедносни структури.


Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top