Свет

Шаховската легенда Јудит Полгар ја одби понудата да стане претседателка на Унгарија

Не верува дека има сила да ја преземе историската одговорност за обединување на поделена нација и затоа не може да ја прифати понудата од премиерот Петер Маѓар

 

Шаховската легенда Јудит Полгар ја одби понудата од унгарскиот премиер Петер Маѓар да стане претседател на републиката – позиција која остана празна откако беа усвоени уставните измени минатата недела, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Овластувањата на претседателот Тамаш Сујок се прекинати, а неговиот наследник ќе го избере унгарскиот парламент.

„Не верувам дека имам сила да ја преземам историската одговорност за обединување на поделена нација и затоа не можам да ја прифатам оваа покана“, напиша Полгар, која се смета за најголема шахистка во историјата…

Таа е на врвот на светската ранг-листа за жени шахистки без прекин 26 години, а истовремено успева да влезе меѓу првите десет на комбинираната светска ранг-листа за двата пола.

Јудит Полгар е дел од познато унгарско шаховско семејство, заедно со нејзините сестри Софија и Жужа.

Неколку часа претходно, таа беше номинирана за претседател од страна на премиерот Маѓар.

„На нашата земја ѝ се потребни единство, мир и претседател на кој секој Унгарец може да биде горд. Претседателството не е работа или работно место, туку највисока форма на служба. Должност на претседателот е да му служи и да го претставува секој Унгарец“, рече тој.

„Почитта што ја ужива не произлегува од политичка припадност или врски, туку од нејзиниот исклучителен талент, напорна работа, неспоредлива издржливост и интегритет… Лично, би ми било чест ако ја прифати номинацијата“, додаде Маѓар.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top