Свет

Со руски МиГ-ови ќе соборуваат руски дронови

Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрјанов, вели дека земјата е подготвена да соборува руски беспилотни летала со авиони МиГ-29

 

Реакцијата на Полска на руските беспилотни летала што го нарушија нејзиниот воздушен простор беше многу соодветна, оцени министерот пренесуваат бугарски медиуми.

„Почнува операцијата ‘Источна стража’. Ја сфаќаме сериозно оваа провокација“, нагласи Запрјанов.

Според него, не треба да ги потценуваме постапките на Москва.

Од интервјуто на Запрјанов се дознава дека Бугарија презела мерки за заштита на својот воздушен простор.

„Нашите МиГ-29 се подготвени да соборуваат руски беспилотни летала“, објасни воениот министер.

„Луѓето треба да бидат смирени – ние преземаме мерки, НАТО презема мерки.

Внимателно го следиме североисточниот правец“, увери Запријанов.

Тој соопшти и дека Бугарија ќе земе заем од над 3 милијарди евра, кои ќе одат за 9 проекти за вооружување. Секој од овие проекти ќе помине низ Народното собрание.

„Заемот е исклучително профитабилен и ќе се враќа во текот на 40 години. Првите 10 години се бесплатни“, дополнително прецизираше Запрјанов. Станува збор за програмата SAFE на ЕУ.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top