Свет

Светски македонски конгрес-Канада: Ееее…Уууу за таквата ЕУ!

Давањето глас во ЕП за отфрлање на идентитетските инсигнии на еден народ, претставува демонстрација на тотален правно-политички нихилизам на универзалните вредности и правото, на јавна сцена

Светскиот македонски конгрес – Канада реагира по отстранувањето на термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од најновиот извештај за напредокот на Република Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ.

До членовите на Европскиот парламент и претставници на институциите на Европската Унија Светскиот македонски конгрес-Канада испрати отворено исмо во кое се истакнува дека давањето глас во Европскиот парламент (ЕП) за отфрлање на идентитетските инсигнии на еден народ, сторено под директива на добропознати европски опскурни центри на моќ, претставува демонстрација на тотален правно-политички нихилизам на универзалните вредности и правото, на јавна сцена.

„ЕУ, поточно актуелните бриселски елити влегуваат во сценарио за кое мора да биде свесна сета европска и светска јавност: тоталитаризам, милитаризам, антидемократија…

Затоа, Ееее…Уууу за таква ЕУ!

Во еден таков контекст на настани и односи, Светскиот македонски конгрес – Канада испрати отвореното писмо чија содржина интегрално ја пренесува „Нова Македонија“.„

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top