Свет

Трамп: Ни треба Гренланд

Американската војска е „секогаш опција“ за Трамп да го стекне Гренланд, вели функционер на Белата куќа

Претседателот Доналд Трамп повторно ја нагласи својата намера да го добие Гренланд вчера, кратко откако високи дански претставници се сретнаа со потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио во Белата куќа.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен им рече на новинарите дека дискусијата била „отворена и конструктивна“, но дека „фундаменталните несогласувања“ останале, бидејќи намерите на Трамп биле отворено соопштени.

„Јасно е дека претседателот има желба да го освои Гренланд“, рече тој. Расмусен го нарече тој исход „тотално неприфатлив“.
Американската војска е „секогаш опција“ за Трамп да го стекне Гренланд, вели функционер на Белата куќа.

Според Расмусен, создадена е работна група на високо ниво „за да истражи дали можеме да најдеме заеднички пат напред“. Тој рече дека очекува групата да се состане за прв пат за неколку недели.

„Групата, според нас, треба да се фокусира на тоа како да се справи со американските безбедносни загрижености, а во исто време да ги почитува црвените линии на Кралството Данска“, рече Расмусен заедно со министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд.

Трамп, одговарајќи на новинарски прашања во Овалната соба подоцна во среда попладне, рече дека ќе биде информиран за состанокот меѓу Венс, Рубио и данските претставници. Тој рече дека верува оти „нешто ќе се среди“.

„Ќе видиме што ќе се случи. Ни треба Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп.

„Имаме многу добри односи со Данска, како што знаете. Ќе видиме.  Правиме многу работи. И навистина ни е потребен“, рече Трамп.

„Ако не влеземе, Русија ќе влезе, а Кина ќе влезе. И има уште нешто што Данска може да го стори во врска со тоа, но ние можеме да направиме сè во врска со тоа“, додаде Трамп.

Расмусен од Данска рече дека ги отфрлил ваквите коментари од Трамп за време на состанокот во Белата куќа  за кој рече дека бил во голема мера фокусиран на безбедноста.

„Мислам дека тоа е неопходност ако сакаме да имаме соодветна дебата“, рече Расмусен. Данскиот министер за надворешни работи им рече на новинарите дека нема „моментална закана од Кина и Русија – барем не закана на која не можеме да се справиме“.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top