Свет

Токсин 200 пати посилен од морфинот: Британците открија како е убиен ривалот на Путин

Навални помина три години во затвор, а непосредно пред смртта бил префрлен во арктичка казнена колонија. Според руските извештаи, 47-годишникот се почувствувал лошо по кратка прошетка, се срушил и никогаш не се освестил.

Велика Британија и неколку европски сојузници денеска објавија дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил убиен со смртоносен токсин пронајден во кожата на јужноамериканските отровни жаби.

Траги од епибатидин се откриени во примероците од телото на Навални, за кои се верува дека ја предизвикале неговата смрт во сибирската казнена колонија пред две години, соопшти Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

Сојузниците истакнуваат дека само руската држава имала „средства, мотив и можност“ да го употреби овој отров. Кремљ ги отфрли обвинувањата како „информативна кампања“, според новинската агенција ТАСС, пренесува Би-би-си.

Епибатидинот е природен невротоксин изолиран од кожата на еквадорската отровна жаба (Phyllobates terribilis). Токсикологот Џил Џонсон за Би-би-си објасни дека е „200 пати посилен од морфинот“.

Иако природно се среќава во дивината на Јужна Америка, може да се синтетизира и во лабораторија. Отровот не е присутен во Русија, нагласија европските сојузници.

Епибатидинот делува на никотинските рецептори во нервниот систем, предизвикувајќи прекумерна стимулација што води до мускулни грчеви, парализа, напади, забавен срцев ритам, респираторна инсуфициенција и на крајот смрт.

Професорот по еколошка токсикологија Аластер Хеј од Универзитетот во Лидс изјави дека отруеното лице „умира од задушување“, а присуството на токсинот во крвта „сугерира намерна администрација“.

Токсичноста може дополнително да се зголеми со комбинација со одредени лекови, што било испитувано во научни студии.

Европските лаборатории потврдија дека Навални починал од непознат отров, објавија сојузниците во саботата. Москва претходно тврдеше дека причината за смртта била природна, иако вдовицата Јулија Навална постојано инсистираше дека сопругот ѝ бил „убиен“ со труење.

Руската амбасада во Лондон ги отфрли обвинувањата како „измислица од западните фабулисти“ и „некропропаганда“.

Портпаролката на Кремљ, Марија Захарова, изјави за ТАСС дека станува збор за „информативна кампања насочена кон одвлекување на вниманието од итни проблеми на Западот“.

Навални помина три години во затвор, а непосредно пред смртта бил префрлен во арктичка казнена колонија. Според руските извештаи, 47-годишникот се почувствувал лошо по кратка прошетка, се срушил и никогаш не се освестил.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top