Свет

Трагедија во Грузија: Турски воен авион се урна, сите 20 војници загинаа (ВИДЕО)

Турски воен транспортен авион од типот Ц-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, денеска се урна во Грузија, при што загинаа сите 20 војници на борд, соопшти турската Влада.

Турски воен транспортен авион од типот Ц-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, денеска се урна во Грузија, при што загинаа сите 20 војници на борд, соопшти турската Влада. Авионот, кој бил на пат назад од мисија во Азербејџан, се сруши во општината Сигнаги, во близина на азербејџанската граница, објави турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа X.

Видеоснимките објавени во медиумите прикажуваат драматична сцена: авионот паѓа спирално кон земја, оставајќи зад себе трага од бел чад, додека делови од конструкцијата, вклучително и крилата, се одвојуваат во воздухот. Несреќата се случила кратко по полетувањето од аеродромот во Ганџа, а според податоците, авионот достигнал максимална висина од околу 7.300 метри пред да се распадне.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изрази длабока тага поради трагедијата, ветијќи дека Турција ќе ја надмине несреќата со минимални последици. Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, исто така, упати порака на сочувство до Ердоган: „Длабоко не погоди трагичната вест за загубата на воени лица во несреќата на воениот карго авион на турските воздухопловни сили, кој полета од Ганџа и се урна на грузиска територија. Во овој момент на тага, ја споделувам вашата болка и, во свое име и во име на народот на Азербејџан, упатувам искрено сочувство до Вас, семејствата и најблиските на загинатите и братскиот народ на Турција.“

Во координација со азербејџанските и грузиските власти, започната е операција за пребарување и спасување, иако сите жртви се потврдени како загинати. Грузиското Министерство за внатрешни работи потврди дека истрагата е во тек, а грузискиот министер за надворешни работи, Мака Бочоришвили, исто така, изрази сочувство до Турција.

Авионот Ц-130Е Херкулес, тактички воздушен транспорт со четири турбопропелерски мотори, е широко користен од турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции. Овој инцидент, кој се случи само 15 минути по силен соларен удар X5.1, ја потсетува светската јавност на ризиците од воздушниот транспорт во регионот.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top