Свет

Трамп: Евентуална акција во Иран мора да биде брза и решителна

Изрази сомнежи за можноста протераниот наследник на тронот на Иран, Реза Пахлави, кој стана истакнат глас во поттикнувањето на демонстрантите, да ја преземе власта

 

Доналд Трамп му сугерираше на својот тим за национална безбедност дека сака секоја акција на САД во Иран да биде брз и решителен удар врз режимот во Техеран, велејќи дека се обидува да избегне долготраен конфликт.

Оваа информација ја објави NBC News, повикувајќи се на американски функционер, две лица запознаени со дискусиите и лице блиско до Белата куќа.

„Ако направи нешто, сака тоа да биде конечно“, изјави за NBC едно од лицата запознаени со дискусиите.

Тие исто така додадоа дека американскиот претседател е подготвен да го исполни своето ветување до демонстрантите во Иран да интервенира во поддршка на нивните напори.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека верува оти режимот во Техеран може да падне.

Неговите коментари доаѓаат откако Иран објави дека Ерфан Солтани е уапсен, но не е осуден на смрт, спротивно на тврдењата на неговото семејство и организација за човекови права, објави Ројтерс.

Во интервјуто, Трамп рече дека Трамп: Евентуална акција во Иран мора да биде брза и решителна

„Секој режим може да падне“, рече тој, додавајќи: „Без разлика дали ќе падне или не, тоа ќе биде интересен период“.

Тој, исто така, изрази сомнежи за можноста протераниот наследник на тронот на Иран, Реза Пахлави, кој стана истакнат глас во поттикнувањето на демонстрантите, да ја преземе власта. Трамп рече за Пахлави дека „изгледа многу симпатичен, но не знам како би се снашол во сопствената земја“.

Американскиот претседател, исто така, вчера тврдеше дека „убиствата во Иран престануваат“.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top